Раководството на Барселона работи на договор за ново засилување за дефанзивниот дел од средниот ред.
Станува збор за Гвидо Родригез, фудбалер на Бетис од Севиља кој стана светски првак со Аргентина. Тој има 30 години, а договорот му е до крајот на сезоната, па Барселона е подготвена да му понуди соработка на две години со опција за уште една дополнителна.
Каталонците беа заинтересирани за Родригез и во јануари, меѓутоа тогаш го повреди зглобот и поради тоа трансферот не се реализира. Оттогаш играчот за врска се врати во тимот и стана стандарден, а по крајот на сезоната ќе менува средина и големи се шансите да заврши во Барселона.
Шпанските медиуми открија дека Барселона и Родригез се во завршна фаза на преговори за меѓусебна соработка.