Новиот германски првак Баер Леверкузен и понатаму е непоразен во Бундес-лигата, откако во последните секунди стигна до реми (2-2) на домашен терен против Штутгарт. Роберт Андрих во 97.минута постигна гол за израмнување.
https://twitter.com/i/status/1784288318043181544
https://twitter.com/i/status/1784275633784197627
https://twitter.com/i/status/1784277999946179066
Крис Фухрих во 47.минута и Дениз Ундав во 57.минута постигнаа два гола за водство на Штутгарт (0-2).
https://twitter.com/i/status/1784279163483955602
Сепак, тимот на Чаби Алонсо никогаш не се предава, дури и кога титулата е математички обезбедена. Амин Адли во 62.минута намали, а Андрих длабоко во судиското продолжение успеа да израмни за голема радост на домашните фанови.