Македонската фудбалска репрезентативка, Наташа Андонова со два гола донесе победа на Леванте над Севилја во првата шпанска лига.
Гостите од Валенсија потврдија дека се подобар тим од Севилја сезонава и триумфираа со 3-1, резултат во кој Андонова учествуваше со два голови и тоа во судиското продолжение на првиот дел и во 50 минута кога мајсторски погоди со глава.
Со ова Андонова дојде до бројката од пет голови во шампионатот и притоа има забележано три асистенции.
Леванте со 47 бода е на третото место на табелата.