Екипата на Mанчестер Јунајтед повторно одигра блед натпревар на својот „Олд Трафорд“ и ремизира со екипата на Барнли (1-1) во натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига.
Јунајтед долго се мачеше да го скрши отпорот на гостите и тоа им успеа дури во 79. минута, кога Антони го постигна својот прв премиерлигашки гол сезонава, но Барнли успеа да се врати девет минути подоцна, откако Андре Онана направи прекршок во својот шеснаесетник.
Прецизен реализатор на најстрогата казна беше Зеки Амдуни, кој лесно го совлада голманот на Манчестер Јунајтед и ги постави конечните 1-1, со кои Барнли сѐ уште е во игра за опстанок во Премиер лигата, иако мисијата до крајот ќе биде пеколно тешка.
На останатите натпревари во истиот термин, Њукасл Јунајтед убедливо победи со 5-1 над Шефилд Јунајтед,
Вулверхемптон го совлада Лутон Таун со 2-1, додека Фулам пред своите гледачи ремизира против Кристал Палас 1-1.