Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен го привлекува интересот на многу клубови од Премиер лигата, а за услугите на 30-годишниот Данец е заинтересиран и Манчестер Јунајтед .
Манчестер Јунајтед под водство на Ерик тен Хаг го редизајнира тимот, а се бараат засилувања во сите линии. Едно од имињата кои се следат за средниот ред, според англискиот Дејли Мирор, е данскиот фудбалер Кристијан Ериксен.
Данецот му се врати на фудбалот во Брентфорд по срцевиот удар на Европското првенство пред речиси една година, а Тен Хејг добро го познава бидејќи Ериксен тренираше со тимот на Ајакс пред да потпише со Брентфорд.
Ериксен не е странец во фудбалскиот стил што го негува Холанѓанецот, бидејќи пред да замине во Тотенхем неколку години играше за Ајакс и ја знае фудбалската филозофија која Тен Хаг ќе се обиде да ја всади кај паднатиот великан.
Сепак, Брентфорд има што да каже овде бидејќи клубот многу го цени Ериксен и ќе се обиде да го направи најплатеното име во клубот, но во трката со Јунајтед се и Евертон и Тотенхем кои би го вратиле во своите редови.
Данецот добро се снајде во Премиер лигата, постигна 11 гола и четири асистенции на 11 настапи, а Брентфорд славеше на седум од десетте натпревари во кои Ериксен стартуваше во првите 11.
Тен Хаг наводно сака шест нови играчи од управата на Јунајтед и 120 милиони фунти за реконструкција на тимот, а Ериксен би можел да биде бесплатен како слободен играч, па тој е реална опција.