Фудбалерот на лондонски Арсенал, Томас Парти (28) изненади многумина кога објави дека преминал во ислам.
Играчот од средниот ред на Гана неодамна се одлучи на овој потег, а сега откри и зошто го направил овој голем чекор во животот. Тоа е неговата убава девојка Сара Бела која е муслиманка.
„Таа е девојка која ја сакам. Јас пораснав со муслимани и тоа не ми е проблем“, изјави Парти.
https://twitter.com/TikiTakaConnor/status/1504626999385485314?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1504626999385485314%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fmagazin%2Fthomas-partey-islam%2F427170
Потоа ги изненади сите велејќи дека веќе се оженил со Сара и дека има муслиманско име.
„Веќе сум оженет со Сара. Моето муслиманско име е Јакубу“, изјави Томас Парти.
28-годишниот фудбалер пристигна во Арсенал од Атлетико Мадрид во 2020 година. Тој беше платен 50 милиони евра, а за Топџиите настапи на вкупно 59 натпревари со два постигнати гола.
Пред Арсенал, Парти играше за Атлетико Мадрид, Алмерија и Мајорка.