По раскинувањето на договорот со Арсенал, габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг (32) во средата потпиша договор со шпанскиот гигант Барселона. Обамејанг потпиша договор за Барса до јуни 2025 година, со опција да се согласи да си замине на 30 јуни 2023. Каталонскиот клуб објави дека отштетната клаузула во договорот е 100 милиони евра.

„Навистина сум среќен што сум овде и едвај чекам да излезам на теренот“, изјави Обамејанг , чија мајка е родена во Шпанија. “Барселона е еден од најголемите клубови во светот и чест ми е што сум тука”.

Габонецот вчера им се приклучи на новите соиграчи и го одработи првиот тренинг, а претходно имаше феноменален пречек во соблекувалната на Барселона. Чави Ернандез му посака добредојде на Обамејанг пред тренингот, а потоа напаѓачот доби голем аплауз од новите соиграчи, па не можеше да ја сокрие насмевката од лицето.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1488935387535978501?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1488935387535978501%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fpogledajte-kakav-je-docek-aubameyang-imao-u-svlacionici-barce%2F2336933.aspx