Прославениот хрватски репрезентативец Дадо Пршо се прослави во дресот на Монако и Глазгов Ренџерс.

Тој играше за Хрватска но лесно можеше да се случи да заигра за Србија.

Ова е Миладин (Дадо) Пршо (47), кој не се промени многу до денес:


Вистинското име на Дадо е Миладин, роден е на 5 ноември 1974 година, а иако играше за Хрватска, тој е Србин од Задар.

Помина трнлив пат за да стигне до хрватската репрезентација, а кариерата ја изгради во францускиот фудбал.

Играше за Руен и таму живеел неспортски живот, имаше 100 килограми, многу пушеше и имаше проблем со алкохолот. Извесен период работел дури и како автомеханичар.

Меѓутоа, една вечер ја запознал младата Французинка Керол и тоа му го променило животот. Со тоа што се оженил со неа, добил француски пасош, а потоа го сменил името. Наместо Миладин, како официјално име го зел прекарот Дадо.

Пршо се повлече од јавниот живот, но пред една година се појави информација дека тој одлучил да си купи клуб од Африка, поточно 80 отсто од сопственоста на сенегалскиот второлигаш Демпе Диоп.