Лидерот во Примера Барселона го одигра убедливо најдобриот натпревар под водство на Ханси Флик, па сега сериозно настрадаа играчите на Валјадолид кои тотално беа понижени на „Монжуик“.
Рафиња со два гола комплетираше хет-трик и имаше партија за паметење, Бразилецот исто така асистираше и до Феран Торес за 7:0, а претходно во листата на стрелците се запиша и Дани Олмо.
Во следната рунда Барселона ќе оди на петта победа против Џирона на Бојан Миовски. Ваљадолид, пак, гостува кај Селта во Виго.
Барса на овој начин стигна до „четири од четири“ на стартот на новата сезона во Ла Лига, па јасно е дека ќе остане лидер и по оваа рунда во Шпанија.
Головите погледнете ги ТУКА