Екипата на Стразбур прокоцкасолидно водство од два гола против Лион и загуби со 3-4 во третото коло од француската Лига 1.
Нанаси погоди за предност на Стразбур, по што Толисо во завршницата на првиот дел израмни на 1-1.
Андреј Сантош и Емења беа стрелци на головите за Стразбур на отворањето на вториот дел (3-1, но потоа Лион за 11 минути постигна три гола преку Мејтланд-Најлс и Орбан.
Лион е на 11. место со три бодови, додека Стразбур е на седмата позиција со четири бода.
Натпреварот меѓу Олимпик Лион и Стразбур ќе се памети долго, а главен херој во приказната е нигерискиот напаѓач со интересното име Гифт Орбан. Тој вечерва влезе во срцата на француските навивачи и беше најзаслужен за големиот пресврт на неговиот тим.
На крај Лион славеше херојска победа од 4-3, иако на половина час пред крајот имаше негатива од два гола и губеше со 1-3.