Грчкиот тим Олимпијакос по вторпат ја совлада Астон вила (2-0) во полуфиналето на Конференциската лига во возвратниот дуел во Атина и оди на дуел за титула против Фиорентина.

Ел Кааби по само 10 минути го шокира гостинот од Бирмингем и донесе водство од 1-0 на Олимпијакос, по што Астон вила тргна по израмнување, но не ги реализира своите шанси.

Казната пристигна во 79. минута кога Ел Кааби повторно стрелаше за триумф од 2-0 на Олимпијакос.

По изненадувачкиот триумф во Бирмингем, Олимпијакос и вечерва докажа дека е спремен за големи нешта, а тоа одново го потврди Ел-Кааби, кој беше стрелец на двата гола на натпреварот. Треба да се напомене дека искусниот Мароканец беше вистински хит на „Вила Парк“ пред седум дена и автор на три гола на Олимпијакос.

 

Во големото финале „црвено-белите“ ќе се судрат со Фиорентина, која во полуфиналниот двомеч беше поуспешна од Клуб Бриж.

Натпреварот за трофејот е закажан за на 29 мај на стадионот на АЕК во Атина.

Финалето во Конференциската лига се игра на 29 мај од 21 часот.