Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и официјално е нов фудбалер на турскиот великан Фенербахче, откако поранешниот шампион на Турција денеска објави дека е постигнат договор за соработка и се очекува само официјално потпишување на договорот и промоција.
Фенербахче се појави како опција за Алиоски во последните неколку дена, откако безмалку два месеци се поврзуваше со трансфер во Трабзонспор, па излезе опција за Бешикташ и германски Фрајбург, за на крај за да дојде во клубот каде играше Елиф Елмас во периодот од 2017 до 2019 година.
Алиоски во Фенербахче доаѓа после една година во саудиски Ал Ахли, а претходно четири години играше за англиски Лидс.
„Фенербахче постигна договор со Алиоски за заем од саудиски Ал Ахли. Вечерва Алиоски доаѓа во нашиот клуб на завршниот договор и ќе биде промовиран“, објави Фенербахче.