Италијанскиот шампион Милан за малку ќе останеше без два бода на гостувањето кај Емполи во италијанското првенство. „Росонерите“ во 92 минута примија гол за 1:1, но потоа успеаја да дадат два и да победат со 3:1.

„Росонерите“ поведоа со голот на Ребиќ во 79 минута и го чуваа водството се до 92 минута кога Бајрами успеа да изедначи. Се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, но во наредната акција „Росонерите“ ја затресоа мрежата на домаќините. Бало-Туре погоди во 94 минута, а во 90+7 минута Рафаел Леао ја запечати победата на шампионот.

Милан има скор од пет победи, две ремија и еден пораз и моментално е на третото место на табелата, а колото се уште не е комплетирано. Емполи е на 14 место.