Тимот на ПСЖ продолжува да победува. Вечерва на свој терен ја совлада Ница и ја запиша осмата победа во деветтиот меч сезонава во Лига 1 (има и едно реми). „Светците“ со овој триумф се вратија на чело на табелата, а головите ги постигнаа Лео Меси и Килијан Мбапе.

Меси успеа да погоди со прекрасен гол од слободен удар во 29 минута но изедначи Лаборд на стартот на второто полувреме. Мбапе кој влезе во игра во 58 минута ја погоди гостинската мрежа во 83 минута и донесе три бода за својот тим.

Ница врза два порази и е на 13. Место.