Големиот талент на Ајакс, Абделхак Нури, младиот мароканец  на кого му се предвидуваше голема иднина, доживеа срцев удар и поради лекарска грешка сега е неподвижен и во вегетативна состојба?

Нури пред пет години на подготовки со Ајакс доживеа срцев удар, ама лошата прва помош од ајаксовиот лекарски тим, предизвика проблем со мозокот и Нури падна во кома, по која подоцна се разбуди, но само колку да вегетира. Светот и Ајакс загубија огромен талент, кој ако не се случеше несреќата повеќе од сигурно е дека ќе беше дел од оваа мароканска селекција.

Мароко вчера напиша историја со прво четвртфинале на Мундијалите, а репрезентативците предводени од ѕвездите како Хаким Зијеш и Ашраф Хакими победата му ја посветија токму на Нури.