Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски постигна гол за Сепси во победата од 3-1 на гостински терен во рамки на 29.коло во романската лига.

Нашиот интернационалец влезе во игра во 81.минута и во судиското продолжение стави точка на победата на неговиот тим.

 

За Ашковски ова беше втор сезонски погодок во романското првенство