Градските ривали Милан и Интер ремизираа без голови во првиот дуел од полуфиналето на Купот на Италија. Пресметката на „Сан Сиро“ беше жестока, но, сепак, мрежите мируваа на двете страни.
Интер веќе четири натпревари нема постигнато гол и тоа треба сериозно да го загрижи тренерот Симоне Инзаги. Стефано Пиоли и на овој натпревар беше без Златан Ибрахимовиќ, а му даде доверба на Оливие Жиру. Сепак, Французинот не можеше да стори ништо против цврстата одбрана на Интер.
Патникот во финалето на Купот на Италија ќе се решава на реваншот на 20 април.