Новиот шампион Барселона триумфираше со 3-0 против Мајорка на „Камп Ноу“ во претпоследното коло од Ла Лига оваа сезона. Каталонците стигнаа до победа со двата гола на Ансу Фати и погодок на Гави, а гостите од 14.минута играа со фудбалер помалку поради исклучување на Ндиаје.
Вториот клуб од Барселона, Еспањол, од следната лига ќе игра во Секунда, откако ремизираше 2-2 на гости против Валенсија и со 36 бода нема веќе шанси да обезбеди опстанок.
Хетафе оствари важен триумф (2-1) против Осасуна во битката за опстанок исто како и Кадиз кој со 1-0 славеше против Селта.
Рајо Валјекано во претпоследното коло од шпанската Ла Лига славеше со 2-1 против Вилјареал, а така му направи голема услуга на Реал Сосиедад, кој беше поразен со 1-2 од Атлетико Мадрид, но и покрај тоа ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ)
„Жолтата подморница“ преку Ло Селсо успеа да го матира македонскиот голман Столе Димитриевски, но тоа не беше доволно бидејќи претходно за Рајо стрелаа Раул Де Томас и Палазон.
Атлетико Мадрид беше подобар во дербито против Реал Сосиедад со 2-1, а херој на домаќините е Антоан Гризман кој постигна еден гол и му асистираше на Молина.
Останати резултати:
Алмериа – Валјадолид 0-0
Атлетик Билбао – Елче 0-1
Кадиз – Селта виго 1-0
Хетафе – Осасуна 2-1
Жирона – Бетис 1-2
Валенсија – Еспањол 2-2