Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и неговиот тим Ал Фејха направија огромен успех освојувајќи го Кралскиот куп во Саудиска Арабија. Во финалето во Џеда, Ал Фејха го победи фаворизираниот Ал Хилал на пенали, со 3-1, откако во регуларниот тек, а и по 120 минути, мечот заврши 1-1.
Трајковски беше стартер во тимот на Ал Фејха, а херој при пеналите беше Владимир Стојковиќ, поранешниот голман на Партизан.