Барнли и Лидс во последното коло влегуваат со идентично бодовно салдо, по 35 бодови со тоа што Барнли е во предност поради далеку подобрата гол разлика (33-51) во однос на лидсовци (40-78), но и двата тима имаат незгодни ривали во завршните 90 минути. Барнли е домаќин на Њукасл, додека Лидс гостува кај Брентфорд.
Ешли Барнс со гол од пенал во последната минута од првиот дел на Барнли му донесе предност, но не издржаа во вториот за да победат и да направат голем чекор кон опстанокот, благодарение на Буендија кој три минути по стартот на вториот дел израмни.
Челси и Лестер во вториот меч исто така ремизираа 1-1, во меч кој немаше никакво значење за лондонските „сини“, зашто веќе го заверија пласманот во Лигата на шампионите во идната сезона.