Херта Берлин е на пат кон Втората лига во Германија, откако вечерва загуби дома со 0-1 од Хамбургер во првиот бараж за пласман во Бундеслигата во идната сезона.
Лудовик Рајс со гол во 57-та минута го донесе поранешниот европски првак Хамбургер на чекор кон враќање во германската елита, а ужасната сезона на Херта е пред кулминација со зачекорувањето кон понизок ранг, што е вистинска катастрофа за овој клуб.
Штутгарт во 92-та минута минатиот викенд успеа да обезбеди опстанок и ја турна Херта во баражот, а сега Хамбургер им го најави испаѓањето и на домашен терен имаат голема шанса за да обезбедат пласман во елитната Бундеслига.