Фантастичните партии на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за екипата на Рајо Валекањо е најдобар голман во шпанската Ла Лига и се најде во идеалниот тим за есенскиот дел, според просечната оценка која ја има, во изборот на популарниот сајт „WhoScored“.

Димитриевски, кој по сите статистички параметри е број еден, во процент на одбранети директни удари (80 отсто) во број на обранети зицери, сега според оценките е дел од идеалниот тим на есенскиот дел во шпанската елита, во кој очекувано половина тим е од лидерот Реал Мадрид.