ФИФА ја додели наградата „Пушкаш“ за најдобар гол за изминатата година, а таа му припадна на бразилецот Гиљерме Мадруга.
На натпреварот меѓу Новорозињо и Ботафого во јуни 2023 година, Мадруга постигна феноменален гол. Погоди со „ножички“ и тоа од пред шеснаесетникот, па ФИФА го награди за неверојатниот и маестрален погодок.
https://twitter.com/i/status/1746994960443064676
Бразилецот се заблагодари за наградата на ФИФА, а таа е сосема заслужена за неговото неповторливо ремек-дело.