Две силни репрезентации кои се фаворити и за нокаут-фазата, Камерун и Алжир, не успеаја да обезбедат победи и три бода  на отворањето на Африканскиот Куп на Нации (АКН) иако беа апсолутни фаворити.

 

Фудбалерите на Камерун имаа доминација со Гвинеја, но одиграа само 1-1. Гвинејците дојдоа до предност благодарение на голот на Бајо во 10. минута, а откако Камано доби црвен картон во финишот на првото полувреме, работите се свртеа. Камерун набрзо во 51. минута израмни преку Магри, а во вториот дел иако Гвинеја не го виде противничкиот гол, дуелот заврши нерешено.

Нерешено заврши и натпреварот меѓу Алжир и Ангола (1-1). „Пустинските лисици“ дојдоа до предност со голот на Бунеџах во 10. минута, а во 68. минута мало невнимание во одбраната донесе пенал за Анголците, преку кој Мабулулу ги постави конечните 1-1.

Претходно, Сенегал со 3-0 триумфираше над Гамбија.