Португалецот Жоао Феликс е огромен фудбалски талент и почна да покажува дел од истиот откако заигра во Барселона, па иако неговите квалитети никогаш не се доведувале во прашање, дел од фановите на каталонскиот гигант почнаа да ги сфаќаат проблемите кои ги имаше Чоло Симеоне за португалскиот напаѓач.
Барселона изгледаше многу подобро во вториот дел и успеа да победи со 3:2, но шпанските медиуми брзо почнаа да ја пренесуваат акцијата поради која Чави го извади Жоао од игра.
При израмнувачкиот гол на Алмерија за 1:1, Феликс не покажа никаква желба да ги следи противниците и да им помогне на соиграчите во одбрана, па таквиот пристап го пресели на клупата за резерви, а Чави го порача ова по натпреварот.
– Нема да вперувам прст кон еден играч, ќе зборувам генерално. Интензитетот во првото полувреме не беше прифатлив, ни недостасуваше агресија. Ако сакаме да направиме нешто, мораме да трчаме како животни, а ние не го правевме тоа во првиот дел. Тој дел од играта беше неприфатлив и јасно им го кажав тоа на играчите, – изјави Чави.
Видеото погледнете го ТУКА.