Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд (21) беше задржан во притвор под обвинение за напад, силување и закани за убиство по сослушувањето во Судот во Манчестер во понеделникот.
Гринвуд беше уапсен минатиот викенд под обвинение дека ги прекршил условите за кауција, се вели во полицискиот извештај. Инаку, во јануари годинава фудбалерот беше осомничен за сето она за што моментално е обвинет.
Во исто време неговиот клуб Манчестер Јунајтед го суспендираше на неодредено време. Компанијата Најк го раскина претходно потпишаниот договор со него.
На крајот на јануари оваа година, Гринвуд беше уапсен откако на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои се гледа девојка со крваво лице и бројни модринки по телото, со порака: „До сите кои сакаат да знаат што навистина прави Мејсон Гринвуд ” .
Гринвуд помина низ фудбалската школа на Манчестер Јунајтед, а во првиот тим дебитираше во 2018 година. Ги помина сите репрезентативни селекции на Англија и забележа еден настап во сениорскиот тим.