Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не е задоволен со резултатите на тимот под водство на тренерот Чави Ернандез, а „Ел Насионал“ пишува дека тој наводно веќе има три потенцијални замени за легендата на Каталонците.
Управата на клубот размислува да му даде отказ на Чави, ако нешто не се промени драстично во следниот период бидејќи клубот се соочува со испаѓање од Лигата на шампиони (ЛШ), а го загуби и дербито против Реал Мадрид (1-3).
На списокот со желби на Лапорта се тројца тренери, меѓу кои се Томас Тухел кој неодамна го напушти Челси, па Марсело Галјардо од Ривер плејт, додека последен на листата е Јирген Клоп кој има договор со Ливерпул.
Барселона по девет одиграни меча се наоѓа на второ место во Ла Лига со 22 бода, односно три помалку од Реал Мадрид.