Екипата на Манчестер Сити дава повеќе од половина фудбалери во идеалната постава за 2023 година. Шестмина фудбалери се членови на освојувачот на титулата во Лигата на шампионите, Манчестер Сити.
Целата одбрана, со исклучок на голманот, е од редовите на англискиот тим: Кај Вокер, Џон Стоунс, Рубен Диас, плус играчите од средниот ред Бернардо Силва и Кевин де Брујне и напаѓачот Ерлинг Халанд. Интересно е тоа што го нема Родри кој беше прогласен за најдобар играч во финалето од Лигата на шампионите и го постигна голот за победа на Манчестер Сити против Интер.
Од останатите петмина, тројца се од Реал: Тибо Куртоа, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор, а последните двајца се Килијан Мбапе и Лионел Меси.