Валенсија ќе прави промена на голманската позиција за следната сезона, ќе го продаде Гиорги Мамардашвили, а ќе потпише со нашиот Столе Димитриевски.
Мамардашвили се покажа како одличен голман во изминатата сезона и го привлече вниманието на големите клубови. Најзагреан е Њукасл кој веројатно ќе го купи за сума од 40 милиони евра. Така јавуваат шпанските медиуми.
Валенсија ќе добие огромна сума за него, а на негово место го носи Димитриевски за без пари. Тој како слободен играч од Рајо Ваљекано преминува на Местаља.
Според голманските статистики Димитриевски исто така важи за еден од најдобрите во Ла Лига, па Валенсија нема да загуби на квалитет, а ќе добие полна каса пари.