Марко Лазетиќ и официјално е нов фудбалер на Милан.
Марко Лазетиќ е роден 2004 година, потекнува од познато фудбалско семејство, а во Милан доаѓа од Црвена звезда.
Негови чичковци се Жарко, поранешен фудбалер на Партизан и Војводина, сега тренер на ТСЦ и Никола кој има 25 репрезентативни настапи а меѓу другото настапуваше за Црвена Звезда , Торино , Лацио и Фенербахче.
Фиксниот дел од обештетувањето изнесува 4.000.000 евра, уште 1.000.000 евра треба да се слеат во клупската каса на Црвена Звезда преку бонуси, а српскиот шампион би можел да инкасира десет отсто од добивката на седумкратниот европски првак од следната продажба.
Марко Лазетиќ во Милан ќе го носи бројот 22,како еден од неговите омилени играчи од детството, Бразилецот Кака.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1486713163332476928?s=20