Марко Асенсио (26) има договор со Реал Мадрид до следното лето. Откако дивееше на клупата на мечот со Мајорка во петтото коло од Ла Лига, има гласини дека ќе замине во Барселона како слободен играч, а веднаш се појавија информации и за неговата потенцијална замена.
„Мундо Депортиво“ објави дека мадридскиот клуб веќе донел одлука според која Брахим Дијаз следната сезона ќе го замени Асенсио. Станува збор за 23-годишен офанзивец кој две години е на позајмица во Милан и ќе остане во италијанскиот шампион до крајот на актуелната сезона.
Каталонските медиуми објавија дека Милан може да го купи Дијаз за 22 милиони евра, но „Реал го има последниот збор“. Доколку Милан ја плати таа сума, Реал сепак може повторно да го врати за 30 милиони евра.
Инаку, Брахим Дијаз во 2014 година како млад фудбалер замина од Малага во Манчестер Сити. Тој не доби шанса во англискиот клуб, а во 2019 година дојде во Реал. За шпанската репрезентација забележа еден настап и има еден гол.