Нигериецот би бил долгорочно решение на офанзивните проблеми на „ѓаволите“, со оглед што сегашната напаѓачка линија ги вклучува и Марсијал, кој често се повредува заедно со позајмениот Вут Вегхорст. Единствено решение за голови кај Јунајтед е Маркус Рашфорд, кој би бил идеален партнер со соиграчот на Елиф Елмас.
Ако Манчестер успее да го договори Осимен, тоа би бил еден од најбогатите трансфери во историјата на Премиер лигата, речиси идентичен како тој на Енцо Фернандез, кој зимава мина од Бенфика во Челси за сума од 121 милиони евра. Токму лондончани се најголемиот ривал на „ѓаволите“ во трката по Нигериецот, со оглед што новиот газда на овој клуб, Тод Боли, нема проблем со одврзување на ќесето.