Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски одлично стартуваше на новиот турнир во Монастир, Тунис, во првото коло извојува лесна победа против Рафаел Шаер од Швајцарија со 2-0 во сетови, односно 6-0 и 6-1.

Ивановски во првиот сет не му дозволи на Шаер да освои ниту еден гем, додека во вториот му препушти само еден гем и убедливо го совлада, со што избори осминафинале во Тунис.

Македонскиот тенисер во осминафинале ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу Шпанецот Рос и Италијанецот Пичионе.