Уште една нова епска победа за Новак Ѓоковиќ: ги загуби првите два сета и пак се радуваше на крајот! Ѓоковиќ со крајни маки и голем пресврт успеа да стигне до осминафиналето на САД Опен. Неговиот сонародник Ласло Ѓере имаше водство од 2-0 во сетови, откако одлично го отвори мечот и првите два сета ги доби со идентични 6-4.