Шпанскиот првак Барселона договори уште две засилувања за новата сезона, двајца португалци, а тоа се Жоао Феликс од Атлетико Мадрид и Жоао Кансело од Манчестер сити.
Феликс вчера пристигна во Каталонија, каде што ќе игра на позајмица од Атлетико, а веќе се закажани и медицинските прегледи.
„Одамна сакав да заиграм во Барселона, ми се оствари детскиот сон“, кажа Феликс.
Португалскиот интернационалец ќе игра во Барса како позајмен играч, а во договорот меѓу двата клуба нема откупна клаузула.
Важен детал е што Жоао Феликс пред да се пресели на „Камп Ноу“ го продолжи договорот со Атлетико на уште две години и прифати значително намалување на платата која сега целосно ќе ја преземе Барселона.
Еден час подоцна новинарот Фабрицио Романо објави дека и Кансело постигнал договор со Каталонците, а и тој доаѓа на позајмица.