Голманот Зомер буквално правеше чуда на гол-линијата, а имаше неколку фантастични одбрани кои се граничеа со (не)возможното. Дури и неговите соиграчи се фаќаа за глава по неговите неверојатни интервенции, а гостите се тркалаа по тревата од очај.

 

Добрата форма на Зомер е потенцирана и во српските медиуми, со оглед што Швајцарија е еден од ривалите на Србија во групната фаза од претстојниот Мундијал во Катар.