Челси успеа да го победи Сервет со 2-0 и направи чекор напред кон пласман во групната фаза од Конференциската лига. Тимот на Енцо Мареска одигра слабо прво полувреме, доби свирежи од фановите на „Стемфорд бриџ“, па потоа успеа да слави со головите на Нкунку од пенал во 50.минута и на Мадуеке во 76.минута.
Иако гостинскиот тим имаше низа шанси, резултатот можеше да биде уште поубедлив за Челси ако публиката на „Стемфорд бриџ“ не беше сведок на едно од најбизарните промашувања во последно време. Она што обично се опишува како стопроцентна шанса или нешто што е невозможно да се промаши, го промаши Марк Гију (18).
Се играше 51. минута кога Гију забележа дека една враќање на топката кон голманот на Сервет не е доволно силна, па во спринт од својата половина на теренот се стрча кон неа и кон гостинскиот голман Џереми Фрик.
Голманот на Сервет прв стигна до топката, но наместо да ја исфрли и реши непријатната ситуација, се обиде да ја смири пред да ја подаде. Гију го искористи тој момент и го пресече додавањето, по што топката тргна кон празната мрежа на Сервет.
Без никого во кругот од пет-шест метри и сам пред празниот гол на околу шест метри оддалеченост, Гију конечно шутираше. Тоа го направи лошо и наместо право или малку надесно, ја упати кон левата статива, истата онаа во чија насока трчаше Фрик. Голманот на Сервет со лизгачки старт одбрани, а потоа и следниот обид на Гију.
Напаѓачот на Челси потоа шутираше уште еднаш, повторно безуспешно.