Фудбалерите на Порто вчера славеа во фудбалскиот шампионат на Португалија, над екипата на Гимараеш на гостински терен со што ја продолжија серијата без пораз во лигата на 57 натпревари, поставувајќи рекорд досега незабележан во португалскиот фудбал.

Во рамките на 29. коло од португалскиот шампионат, Порто со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај шестопласираниот тим во лигата. Фудбалерите на тренерот Консеисао немаат пораз на 57 натпревари во националната лига, што е апсолутен рекорд. Тие само оваа сезона имаат 25 победи и четири нерешени средби.

Претходниот рекорд за најдолга серија без пораз го држеше Бенфика, која имаше низа долга 56 меча без пораз.