Рускиот олигарх Роман Абрамович ги минува најтешките денови во професионалната кариера. Сопственикот на Челзи е еден од најистакнатите протагонисти на руската инвазија на Западот, имајќи предвид дека многу тесно соработувал со државата и со претседателот Владимир Путин.
ЕУ и Велика Британија ги замрзнаа сите средства на Роман Абрамович, кој се најде отсечен од поголемиот дел од неговото богатство, кое изнесува околу 6,5 милијарди фунти. Според таблоидот Дејли Меил, оваа недела работите станале толку лоши што Абрамович побарал од своите богати пријатели да му позајмат пари.
Сепак, многу интересни вести доаѓаат од Англија. Тие преку извори на шпанските медиуми потврдија дека Абрамович е во процес на продажба на Челзи, а во моментот кога ќе ја склучи зделката се подготвува да ја купи шпанската Валенсија.
Поранешниот шпански шампион и освојувач на Купот на УЕФА е во големи финансиски проблеми. Во ноември забележа дефицит од 31 милион евра за изминатата финансиска година, а проекциите велат дека годинава состојбата ќе биде уште полоша со загуба од околу 36 милиони евра.
Сопственикот на клубот, Сингапурецот Питер Лим веќе му позајмил на клубот 40 милиони евра, но бара излез од оваа ситуација и сака што поскоро да ја продаде Валенсија.