Фудбалерите на Интер ја совладаа Фиорентина со 3: 1 во петтото коло од Серија А.

Почетокот ветуваше многу за домаќините од Фиренца, а по неколку обиди стигнаа до водство преку Рикардо Сотил.

Засилувањето од Штутгарт Нико Гонзалес го проигра Сотил  кој немаше тешка работа и ја смести топката во небранетата мрежа.Интер одигра немоќно во текот на првиот дел од играта, а најдобрата можност ја имаше Хакан Чалханоглу кога изведе добар слободен удар, но Драговски ја сочува својата мрежа.

Тимот на Интер тргна фуриозно во второто полувреме, што брзо го даде резултатот.

Можеше да биде поинаку ако Влаховиќ беше попрецизен кога шутираше од далечина, но за малку беше непрецизен. Тоа „неро-азурите“ го казнија преку Дармијан.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед несебично беше проигран од Николо Барела и ја затресе мрежата од голот на Фирентина .

За целосен пресврт се чекаше само неколку минути.

Чалханоглу изведе корнер кој го пронајде Един Џеко во казнениот простор. Капитенот на Фиорентина, Бираги не можеше да се носи со босанскиот репрезентативец кој со одличен удар со глава ја смести топката во голот.

Можеби целиот натпревар го одбележа потегот на Ник Гонзалес. Тој беше постојано влечен за време на дуелот со Бастони, по што судијата досуди прекршок за Фиорентина.

Сепак, тоа не беше доволно за Аргентинецот кој побара жолт картон. Поради енергичниот протест, тој беше казнет со жолт картон. Ова предизвика уште пожестока реакција, а веднаш потоа втор жолт или црвен картон за асистентот при првиот гол.

Точка на натпреварот стави Иван Перишиќ со гол во 87. минута, на асистенција на Галjардини.

Интер во моментов ја зазема првата позиција со 13 бода, но и со натпревар повеќе од второпласираниот Наполи.

Што се однесува до Фиорентина, тие ја пропуштија можноста да се израмнат со Наполитанците на врвот и сега се шести со девет бода.

ВИДЕО

Серија А, 5 коло

Болоња – oенова 2: 2 (0: 0)
Хики 49, Арнаутовиќ 85 (стр) – Дестро 55, Крисито 89 (стр)
Фиорентина – Интер 1: 3 (1: 0)
Сотил 23 – Дармијан 52, еко 55, Перишиќ 87
Аталанта – Сасуоло
Госенс ​​3, Запакоста 37 – Берарди 44