Екипата на Милан имаше предност од 3-0 против Лече по првото полувреме и покрај тоа што до 38. минута немаше голови на Сан Сиро.
Се што беше важно на овој дуел се случи во период од само пет минути, Милан направи блиц-криг од 38. до 43. Мората го отвори резултатот и донесе водство, Тео Ернандез зголеми на 2-0, а потоа и Пулишиќ се запиша во листата на стрелците за огромно и недостижно водство на „росонерите“.
https://twitter.com/i/status/1839751242169389117Во 45. минута Ернандез имаше уште една шанса, за 4-0, но од непосредна близина шутираше непрецизно.
Во продолжението Милан рутински го умртви темпото, следеа доста промени и немаше премногу возбудувања. Во 80. минута директен црвен картон заработи младиот бек Давиде Бартесаги.
Милан со оваа победа дојде на 11 бода, со што привремено се израмни со лидерот Торино од кој има подобра гол-разлика.