Екипата на Ал Наср ја оствари третата победа во саудиското првенство, на домашен терен ја совлада Ал Вехда со 2-0.
Стрелец на еден од головите повторно беше Кристијано Роналдо кој ја погоди мрежата од пенал за својот четврти гол оваа сезона во домашното првенство. Португалецот сепак е далеку од врвот на листата на стрелците каде се наоѓа Александар Митровиќ со осум голови и тоа со натпревар помалку.
Ниту еден фудбалер нема постигнато голови на официјални натпревари колку Кристијано Роналдо, а ниту еден ни не шутирал толку многу пенали како Португалецот, на кој хејтерите уште кога играше за Реал Мадрид му смислија прекар „Пеналдо“.
Интересно е тоа што денешниот гол беше 17-ти од пенал за Кристијано Роналдо од 17 удари колку што изведе, без ниедно промашување откако настапува во Саудиска Арабија.