Пари Сен Жермен го победи Рен со 3-1 на „Паркот на принцовите“ и се одлепи на врвот на табелата со 16 бода, три повеќе од Олимпик Марсеј.
„Светците“ поведоа со голот на Бредли Баркола во 30.минута, а Ли Канг-Ин зголеми на 2-0 во 58.минута.
Баркола беше стрелец на уште еден погодок во 68.минута.
Финишот од натпреварот му припадна на Рен. Калимуендо од пенал намали на 3-1, а потоа гостите имаа и поништен гол преку Сеиду. На крајот ПСЖ успеа да ја оствари петтата првенствена победа.