Русинот блескаше во првиот сет кој го доби со 6-3, а рамноправен беше до средината на вториот сет. Следуваа седум гема по ред за Синер за израмнување во сетови (6-2) и потоа водство од 3-0 во третиот сет кое се покажа доволно за победа (6-3) во дуелот кој траеше 2 часа и 22 минути.
Во четвртфиналето, Синер ќе игра со Лехецка кој беше подобар од Баутиста со 2-1. Италијанскиот тенисер го брани трофејот на турнирот во Пекинг.