Му честитаат славни лица од сите области, не само од спортот, туку и од филмот, музиката, културата итн.
Преку социјалните мрежи се огласија Лука Дончиќ, Паоло Малдини, Нејмар, неговиот ривал Рафаел Надал, Енди Родик, Алесандре Пато, Богдан Богдановиќ, но и актерот Метју Меконахи. Сите се едногласни дека со денешниот триумф Ѓоковиќ се бетонирал како најдобар тенисер и еден од најдобрите на сите времиња, а некои го нарекуваат дури и феномен.