Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ триумфираше против Ласло Ѓере во второто коло од УС-опен, а притоа се запиша во историјата на спортот.
Ѓоковиќ ги освои првите два сета со по 6-4, иако Ѓере даде голем отпор и го мачеше неговиот сонародник, но сепак во третиот сет реши да се предаде при водство од 2-0 на Новак.
Поранешниот освојувач на УС-опен стигна до 90. победа на турнирот и така стана единствен тенисер кој успеал да запише по најмалку 90 триумфи на сите гренслем-турнири.
Следен ривал на Ѓоковиќ ќе му биде Попирин кој го исфрли Мартинез (3-0).
Според планот одигра Каспер Руд, кој во четири сета со 3-1 (6-4, 6-2, 2-6, 7-6) го совлада ветеранот Гаел Монфилс. Повеќе труд мораше да вложи Андреј Рубљев против Артур Риндеркнеч, бидејќи играше маратонски четири часа и пет сета (3-2).