Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-2 и 6-3 против Србинката Миа Ристиќ и се пласира во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања.
Лина лошо го започна натпреварот, а тоа знаеше да го искористи Ристиќ која набрзо направи брејк на противнички сервис и го доби сетот со 6-3.
Македонската тенисерка се врати во следниот сет во кој беше доминантна и го доби со 6-2, додека во третиот сет следуваше израмнета борба до 3-3, по што Ѓорческа освои три гема по ред за конечни 6-3 и триумф.