Калин Ивановски обезбеди пласман во четврт-финале од ИТФ турнирот во Мароко, откако во втората рунда го совлада Французинот Никола Темак со 2-0 во сетови.
Македонскиот тенисер беше посилен од ривалот, но и од здодевниот дожд, поради кој натпреварот неколку пати беше прекинуван и траеше повеќе од пет часа.
Во битка за место во полуфинале, Ивановски ќе оди на дуел со подобриот од пресметката помеѓу првиот носител Робин Бертран (Франција) и Федерико Јанаконе (Италија).