Ѓорческа по голема борба во четврт-финалето на вториот турнир во Талин, се пласира меѓу осумте најдобри на вториот по ред турнир од ИТФ-серијата . Денеска, по голема борба, ја совлада Литванката Јустина Микулските со 2-1 во сетови.
Сите три сета беа драматични, но сепак на крај пресуди поголемото искуство на нашата најдобра тенисерка. Лина почна со 6-3, потоа потклекна на крајот за 5-7, а го одигра одлично решавачкиот сет кој го доби со 6-4.
Ѓорческа утре ќе води битка за место во полуфиналето и тоа против турската тенисерка Зејнеп Сонмез. На претходниот турнир во Естонија, Лина стигна до финалето во кое мораше да го предаде мечот поради мала повреда.