Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласира во четвртфинале на мастерс турнирот во Шангај, откако денес со пресврт го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 2-1 во сетови, односно 5-7, 6-2 и 6-4.
Димитров водеше и во првиот сет со 5-3, но Алкараз потоа врза четири гема по ред и го освои сетот со 7-5, но бугарскиот тенисер беше извонреден во вториот сет и со два брејка стигна до 6-2.
Алкараз повторно не можеше да му парира на расположениот Димитров, кој искористи брејк топка во третиот гем (2-1), а потоа беше сигурен на свој сервис за победа од 6-4.
Искусниот бугарски тенисер Димитров во четвртфинале ќе се соочи против Николас Хари од Чиле.